Vesti i nastani
 
 
 
 
 

Водици во соборниот храм на светите Кирил и Методиј во Тетово (19.01.2013 18:51)

На 19 јануари 2012 лето Господово, на празникот Богојавление - Водици, нашиот надлежен епархиски архиереј Неговото Преосвештенство Митрополитот Полошко-кумановски г. Кирил, отслужи Света Архиерејска Литургија во соборниот храм посветен во чест на светите Кирил и Методиј во Тетово.

На свечената Литургија активно учество зеде женскиот младински хор „Менада“ од Тетово, под диригенство на маестро д-р Ивица Зориќ. Во својата беседа Митрополитот г. Кирил го образложи значењето на овој голем светоден, на кој беше крстен нашиот Спасител Господ Исус Христос во водите на реката Јордан, и откривањето на Тајната на Светата Троица, Отецот, Синот и Светиот Дух. Веднаш потоа Митрополитот г. Кирил ја освети водата во црковниот базен во кругот на црквата, каде и го спушти светиот крст. По него скокнаа Зоран, Дарко и Далибор Ѓорѓевски од Тетово, а најсреќниот беше Дарко кој го фати крстот и од нашиот Митрополит доби подарок – златен крст со ланче, посакувајќи му мир, здравје и бериќет нему, на неговото семејство и на сите верни чеда од Тетово, Тетовско и пошироко.

 

 

                 

 

                 

 

                 

 

                 

 

                                                

 

               

 

              

 

                               

 

            

 

 

 

Подготви: Диме Змејкоски