Vesti i nastani
 
 
 
 
 

Чествување на празникот Свети Атанасиј во Тетовско (31.01.2013 17:02)

На 31 јануари 2013 година, по повод празникот на свети Атанасиј Архиепископ Александриски, со благослов на нашиот надлежен епархиски Архиереј Митрополит Полошко-Кумановски г. Кирил чествувањата во Тетовското архиерејско намесништво започнаа со Света Архиерејска Литургија чиноначалствувана од Неговото Преосвештенство Епископот Лешочки г. Јосиф во црквата на свети Атанасиј во с. Брвеница во присуство на голем број на верници од Брвеница и пошироко. Веднаш потоа Епископот Лешочки г. Јосиф ги благослови и прережа кумските колачи принесени од овогодинешните кумови.

 

                               

 

            

 

            

 

            

 

           

 

           

 

           

 

                            

 

 

 

 

Празнувањата продолжија и во соседното село Долно Седларце каде беше организиран дочек на Епископот Лешочки г. Јосиф, според обичаите од ова поднебје. Во дворот на црквата на свети Атанасиј во присуство на голем број верни чеда, Епископот Лешочки г. Јосиф ги благослови и прережа кумските колачи принесени за здравје и бериќет на семејствата од овогодинешните кумови.

 

 

                  

 

                  

Традиционално како и секоја година така и оваа година голем број на верници на празникот на светиот Атанасиј Архиепископ Александриски се собраа на Тетовското Балтепе – Кале во манастирскиот комплекс посветен во чест на свети Атанасиј, меѓу нив беше и претседателот на нашата држава г. Ѓорѓе Иванов, кој со своето присуство го удостои чинот на благословувањето и прережувањето на кумските колачи извршен од страна на Епископот Лешочки г. Јосиф.

 

               

 

               

 

               

 

Подготви: Диме Змејкоски