Литургија на претходно осветени дарови во Куманово (20.03.2013 11:29)
На 20.03.2013 година во првата среда од спасоносниот Велигденски пост, свештенството од кумановско, кривопаланечко и кратовско aрхиерејско намесништво пристапија кон Светата Тајна Исповест. Митрополит Полошко-кумановски г. Кирил ја отслужи првата Преждеосвештена Литургија во соборниот храм св. Никола во Куманово а потоа им се обрати на присутните. „Време благопријатно, денови извонредни за нашето спасение. Во мир и молитвена радост да го поминеме големиот Велигденски пост. Господ, браќа и сестри, толку го возљуби светот што Го даде и Својот Единороден Син да пострада, та секој што верува во Него да не погине но да има живот вечен. И беше распнат за време на Понтиски Пилат и пострада и воскресна во третиот ден според писмото. Победи животот над смрта, победи правдата над неправдата, тагата беше заменета со радост. Со голема радост да го дочекаме празникот над празниците светото Христово Воскресение – Велигден, та заедно со целата небесна хиерархија да запееме и да воскликниме: Слава во висините на Бога, на земјата мир и меѓу сите луѓе добра волја.“
Известува: о. Жико Тодоровски