Vesti i nastani
 
 
 
 
 

Митриполит Европски г. Пимен во посета на Саем на книгата (10.04.2013 16:30)

На изложбена површина од 3.000 квадратни метри, во „Метрополис-арената“ на Скопскиот саем започна јубилејниот 25. меѓународен Саем на книгата, кој на едно место има најголема концентрација на дела од домашни и од странски автори, класична и современа, стручна, научна и белетристична литература, енциклопедии и друго.

Меѓу 60-те изложувачи на саемот излага и Македонската православна црква. Митрополитот Европски г. Пимен, на втор ден од саемот го посети штандот на МПЦ-ОА, a потоа направи обиколка на другите излагачи и ја збогати неговата лична библиотека со најнови продукциски изданиjа.