Заупокоена Света Литургија во Куманово
(12.06.2013 09:31)
Се успокои Митрополит Полошко-кумановски г. Кирил долгогодишен Архиереј во Македонската Православна Црква Охридска Архиепископија. На 12. 06. 2013 година Неговото посмртно тело беше поставено во соборниот храм св. Никола во Куманово, каде кумановското свештенство и кумановските благочестиви верници му одадоа последна почит на својот Архиереј. Г. д-р. Јосиф Епископ Лешочки во сослужение на свештенството од Полошко-кумановска Епархија отслужи заупокоена Света Литургија за покој на починатиот Архиереј г. Кирил. Потоа Епископот им се обрати на присутните верници.
„Ваше Високопреосвешнство Митрополите
Кирил, возљубени отци и браќа, почитувани роднини и пријатели, драги браќа и сестри. Денес во храмот на св. Николај Мириликиски Чудотворец во Куманово, собрани сме за да од овој да го испратиме во вечниот живот нашиот духовен татко и собрат на нивата Господова Архипастирот на Полошко-кумановска Епархија при Македонската Православна Црква Митрополитот Кирил. Собрани сме во храмот во кој што изминативе неколку децении Митрополитот Кирил принесе многу молитви пред Престолот Божји за нашата црква за нашата татковина и за секој човек. Носејки ја длабоко во своето срце љубовта за секоја душа христијанска. Неговото срце беше длабоко како море и широко како небо. Тој се радуваше со секоја наша радост но и тагуваше за секоја наша тага. За сето ова Владико свет мислам дека ти останавме должни. И затоа стоиме пред тебе и тепериме зашто ти беше и ќе останеш гордост на Македонската Православна Црква на Полошко-кумановската Епархија и на секој македонец, како во татковината така и насекаде во дијаспората. Но во овој час освен топли солзи и искрена тага, немаме што друго да ти принесеме. А за во иднина можеме само да ти ветиме дека споменот за тебе секогаш ќе го чуваме, како и аманетот дека слободата национална и духовна тешко се спечалува и уште потешко се зачувува. За се што направи за нас и за Македонската Православна Црква нека ти е вечна слава, а Семилостивиот Бог нека ја всели твојата душа во Царството Небесно за кое со добар подвиг се подвизуваше, верата ја чуваше и животот го положи. Во бланому успенију и вечни покјој подаж Господи усопшему рабу твоему блаженопочившему Митрополиту нашему Кирилу и сотвори ему вечнују памјат.“
Известува о. Жико Tодоровски