Vesti i nastani
 
 
 
 
 

Изложено одарот се телото на Митрополитот Кирил во соборниот храм на светите Кирил и Методиј во Тетово (13.06.2013 10:44)

На 13.06.2013 год., во соборниот храм на светите Кирил и Методиј во Тетово, каде беше изложено  одарот со телото на починатиот Митрополит Кирил, Неговото Преосвештенство  Викарниот Епископот Лешочки г. д-р Јосиф отслужи Заупокоена Литургија  во сослужение на повеќе свештенослужители од Тетовското, Гостиварското и Кумановското Архиерејско намесништво.

Веднаш по отслужената Заупокоена Литургија се изврши мал помен пред одарот на упокоениот Митрополит Кирил за покој на неговата душа.

За последен пат од Митрополитот Кирил се простија Братското свештенство, верниците од Тетовско, Градскиот женски младински Хор „Менада“ од Тетово, пратениците од Полошкиот регион во Собранието на РМ, високи претставници од АРМ, делегација на иселениците од полошко во САД, како и голем број граѓани од Тетовско, почитувачи на ликот и делата на сега упокоениот Митрополит Кирил, кои претходно ги запишаа своите убави впечатоци во отворената книга на жалост во соборниот храм во Тетово.

 

           

 

                             

 

          

 

         

 

          

 

         

 

          

 

Известува: Диме Змејкоски