Vesti i nastani
 
 
 
 
 

Света заупокоена Архиерејска Литургија во с. Дељадровци (19.06.2013 12:54)

На 19. 06. 2013 година во манастирот св. Георги во с. Дељадровци, Митрополит на повардарска Епархија г. Агатангел во сослужение на Епископите г. Јосиф Велички и г. Јосиф Лешочки отслужи Света заупокоена Архиерејска Литургија, точно на деветиот ден од блаженоуспокојувањето на Митрополит Кирил. Пред присутните роднини за покојниот Архиереј  слово произнесе Митрополит г. Агатангел нагласувајки дека треба да бидат горди што го имаа меѓу себе, а за себе  го нарече свој духовник. Потоа над вечното почивалиште на блаженоупокоениот Архиереј Кирил од  Архиереите и свештениците се изврши парастос за покој на Митрополит  Кирил.

 

 Известува: о. Жико Тодоровски