Духовден во црквата Света Богородица во Гостивар (23.06.2013 13:14)
На 23.06.2013 лето Господово, по повод празникот Педесетница-Духовден, Неговото Преосвештенство Епископот Лешочки г. д-р. Јосиф служеше Света Златоустова Литургија во храмот на Света Богородица во Гостивар, во сослужение на братското свештенство од Гостиварското и Тетовското архиерејско намесништво. На Светата Литургија верниот народ се причести со Светите Тајни Христови.
Известува: Диме Змејкоски