Vesti i nastani
 
 
 
 
 

Божествена Литургија во Струмица (30.06.2013 11:08)

Денес, на празникот на сите Светии, во манастирот на светите Петнаесет Тивериополски свештеномаченици во Струмица, Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан отслужи Божествена Литургија во сослужение со Митрополитот Брегалнички г. Иларион и домашниот Епископ, Митрополитот Струмички г. Наум. На Литургијата Архиепископот г.г. Стефан ги венча чедата Божји Александар и Олгица, кои први се причестија со Светите Христови Тајни. На Божествената Литургија пееше хорот „Хармосини“ од Скопје.