Vesti i nastani
 
 
 
 
 

Полугодишен парастос на блаженоупокоениот митрополит Кирил (07.12.2013 01:17)

Во сабота, на 7 декември 2013 година, кога нашата света Црква го празнува споменот на светата великомаченичка Екатерина и светиот великомаченик Меркуриј, во манастирот св. Георгиј во с. Дељадровце беа одбележани 6 месеци од блаженото упокојување на митрополитот г. Кирил.

Заупокоена Литургија отслужи митрополитот Повардарски, г. Агатангел, во сослужение на митрополитот Европски г. Пимен и митрополитот Кумановско-осоговски г. д-р Јосиф. После Литургијата, во присуство на Неговото блаженство, архиепископот Охридски и Македонски, г.г. Стефан, во храмот беше отслужен и парастос, а над гробот на блаженоупокоениот митрополит се отслужи трисагија.

Споменот на блаженоупокоениот митрополит Кирил нека биде вечен, а почитувањето од сите оние коишто со радост се сеќаваме на неговиот лик и служба во Црквата нека биде трајно.

 

     

      

     

      

 

Извор: Кумановско-осоговска епархија