Vesti i nastani
 
 
 
 
 

Соопштение од Светиот Архиерејски Синод на МПЦ-ОА (19.05.2014 15:00)

Светиот Архиерејски Синод со особено внимание и загриженост ги следи настаните поврзани со катастрофалните поплави кои деновиве ја погодија Србија и Босна и Херцеговина и предизвикаа големи страдања на жителите на тие земји.

По тој повод, а повикувајќи се на апелите на Премиерот на Република Србија, г. Александар Вучиќ, и на Неговата Светост Патријархот српски г.г. Иринеј, за христијанско милосрдие и братска помош, Македонската Право­славна Црква се вклучува во акцијата која деновиве веќе се одвива во Република Македонија за прибирање на неопходната помош. Синодот на Македонската Православна Црква одлучи да издвои финансиски средства во износ од 3.000.000,00 денари, како скромен прилог во овие тешки моменти за српскиот и другите народи.

Се молиме на Семилостивиот Бог и Спасител и за душите на загинатите од поплавите, но и за истрајност на живите во овие искушенија, во духот на нашата света вера, онака како што нашите народи секогаш низ историјата ги надминувале.

 

ОД КАНЦЕЛАРИЈАТА НА САС НА МПЦ