Бдение на Христовото Рождество (07.01.2005)
Ноќта на Христовото Рождество во манастирот на Свети Јован Крстител (Бигорски) монашкото братство и многубројните притекнати верни од сите краишта на земјата ја прославија со празнично сеноќно бдение. Сестринството во женскиот манастир на Светиот великомаченик Георгиј во Рајчица, во текот на првата ноќ на Рождеството на Спасителот исто така празнуваше со Божикни богослужења.
„Кога ќе ја достигнеме љубовта, сме Го достигнале Бога. Тогаш нашето патување е завршено и стигнавме на островот што се наоѓа од онаа страна на светот, таму каде што е Отецот, Синот и Светиот Дух" (авва Исаак Сирин)