Vesti i nastani
 
 
 
 
 

Вечерна богослужба во црквата на свети Никола во Престон (24.01.2015 12:16)

Во сабота, 24 јануари 2015 г., во црквата на св. Никола во Престон (Мелбурн, Австралија) беше отслужена воскресна Вечерна богослужба. По богослужбата, епархискиот Архијереј, Митрополитот Петар заедно со Митрополитите Тетовско-гостиварски Јосиф и Кумановско-осоговски д-р Јосиф и епархиското свештенство извршија осветување на иконите од новиот иконостас во црквата. Пригодна беседа произнесе Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Кумановско-осоговски г. д-р Јосиф. Старешината на црквата, протојерејот Душко Спиркоски ги поздрави владиците во името на неговите собраќа, црковниот одбор и верниот народ, и им се заблагодари за нивните молитви и благословот со нивното присуство. Исто така, тој им се заблагодари и на донаторите на новите икони и замоли и понатаму да продолжат сесрдно да го помагаат животот на парохијата.

Потоа беше приредена заедничка трпеза на љубовта во црковната трпезарија.