Vesti i nastani
 
 
 
 
 

Архиерејска Литургија во црквата на свети Никола во Престон, Мелбурн (25.01.2015 12:24)

Во неделата по Богојавление (25 јануари 2015 г.) во црквата на Св. Никола во Престон (Мелбурн, Австралија), Неговото Високопреосвештенство Митрополит Преспанско-пелагониски и Администратор Австралиско-новозеландски г. Петар отслужи света Архиерејска Литургија. На епархискиот архиереј му сослужуваа Нивните Високопреосвештенства, Митрополитите Тетовско-гостиварски г. Јосиф и Кумановско-осоговски г. д-р Јосиф и чесното епархиско свештенство. Верниот народ се причести со Светите Христови Тајни. По Литургијата, Кумановско-осоговскиот Митрополит се обрати пред собраниот верен народ со беседа, а потоа следеше трпеза на љубовта.