Vesti i nastani
 
 
 
 
 

Архиерејска Божествена Литургија во Прилеп (12.02.2005)

„На благодатта органите, гуслите на Духот, благогласните труби на проповедта, страшни и прекрасни за слухот, громовите што се излеваат од височините, и кои славата Божја од крај на крај ја разнесуваат, тројцата пропоповедници на великата Троица, Јован и Василиј, достојно, со Григориј, да ги прославиме.“ (вечерна стихира)

 

                        

 

Во чест на празникот на Светите Тројца архиереи, Василиј Велики, Григориј Богослов и Јован Златоуст, во црквата на Светото Благовештение во Прилеп, денес Божествена Литругија отслужи Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан со Струмичкиот Митрополит г. Наум и Митрополитот Брегалнички г. Агатангел.