Vesti i nastani
 
 
 
 
 

Соопштение (18.02.2016 15:34)

Светиот архиерејски синод на Македонската православна црква-Охридска архиепископија на својата редовна седница, одржана на 18 февруари 2016 г., разгледа повеќе актуелни прашања од животот на нашата Црква.

Особено внимание се посвети на разгледување и решавање на црковната состојба во Австралија, при што Синодот донесе одлука за формирање на нова епархија - Австралиско-сиднејска македонска православна епархија, со седиште во Сиднеј. За администратор на новоформираната Епархија, Синодот го постави Неговото високопреосвештенство митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, со сите права и обврски. Црковните општини од новоформираната епархија се задолжуваат да дадат целосна поддршка за донесување на Законот за старателство на имотите во Македонската православна црква епархија за Австралија и Нов Зеланд (МПЦЕАНЗ), а кој ќе важи за МПЦЕАНЗ.

Исто така, особено внимание Синодот посвети и на состојбата во воспитно-образовните институции на Македонската православна црква, разгледувајќи и решавајќи по одредени актуелни прашања од нивното тековно работење.

 

ОД КАНЦЕЛАРИЈАТА НА САС НА МПЦ