Vesti i nastani
 
 
 
 
 

Преосветување на храмот на св. Георгиј во Старо Нагоричане (18.09.2016 20:44)

На 18.09.2016 година, во Тринаесеттата недела по Педесетница, кога го славиме споменот на св. пророк Захариј и праведна Елисавета, Неговото Високопреосвештенство митрополитот Дебарско-кичевски и администратор Австралиско-сиднејски г.Тимотеј, во сослужение со митрополитите: Европски г.Пимен, Брегалнички г.Иларион, Тетовско-гостиварски г.Јосиф и надлежниот митрополит Кумановско-осоговски г. д-р Јосиф, го преосвети храмот на светиот великомаченик Георгиј во село Старо Нагоричане – Кумановско. На Светата Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.

По завршувањето на Литургијата беа осветени новите парохиски административни простории и новата крстилница.