Vesti i nastani
 
 
 
 
 

Излезе од печат најновиот број на списанието „Премин“ (15.04.2017 17:58)

Деновиве излезе од печат најновиот број на списанието „Премин“, посветен на свети Григориј Палама. Заедно со овој број подарок – Готвач за десерти.

 

 

На свети Григориј Палама

 

Труба на богословието

Чесно пребивалиште на Духот

Непоколеблив столб на Црквата

Река на премудроста

Светилник на светот

Прекрасна фрула на Духот

Златносјаен јазик

Небесен тајник на Троица

Проповедник на Божествената светлина

Меч што ги исече гордоста и секоја сила еретичка како пајажина

Исцелител на болестите човечки

Добар пастир, кој душата своја ја положи за овците

Цврст страдалник и испосник

Поборник на побожноста и противник на безбожноста

Усрден застапник на верата

Велик наставник и учител благ

Убавина на монасите

Ѕвезда сјајна што го осветлува светот

 

Свети Григориј Палама,

моли Го Бог непрестајно за нас!