Vesti i nastani
 
 
 
 
 

Источен Петок – Балаклија во Тетово (21.04.2017 09:32)

На 21.04.2017 година, Источен Петок – Балаклија, Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, во сослужение со надлежниот епархиски архиереј  Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф, и со свештеници од Скопската и Тетовско-гостиварската епархија чиноначалствуваше на Светата Златоустова Литургија во храмот „Пресвета Богородица“ – Тетово. На литургијата согласно одлуката на Светиот архиерејски синод на Македонската православна црква (САС) – МПЦ бр: 48/31.03.2017 година, а на предлог на надлежниот архиереј на Тетовско-гостиварската епархија, на протопрезвитерот Томислав Јосифоски му беше доделен граден крст. На литургијата верниот народ се причести со Светите Христови Тајни. По литургијата во дворот на храмот беше извршен водосвет.

 

Извор: Тетовско-гостиварска епархија