Vesti i nastani
 
 
 
 
 

Уште еден успех на Епархискиот црковно-просветен совет на Австралиско-сиднејската епархија (11.05.2017 09:48)

Уште една радост за верните чеда на Австралиско-сиднејската епархија: Излезе од печат првиот број од епархиското списание „ПРАВОСЛАВИЕ“.

​По промоцијата на официјалната веб-страница на Австралиско-сиднејската епархија www.mpcaus.org, еве и на овој празничен ден, посветен на светиот великомаченик Георгиј – Ѓурѓовден, ја имаме особената чест, по милоста Божја, да Ве информираме дека со благослов на нашиот надлежен епархиски архиереј, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски и администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј – излезе од печат првиот број од епархискиот гласник на новоформираната Австралиско-сиднејска епархија при МПЦ-ОА – списанието „ПРАВОСЛАВИЕ“.

​Списанието „Православие“ претставува православно списание, кое сoдржи најразлични современи духовни теми, кои се поврзани со православната вера, култура и образование, кои се најнеопходни во црковната мисија за просветлување на православниот човек во Австралија. Исто така, списанието содржи најнови вести од епархискиот живот.

​Списанието е бесплатно и ќе излегува четири пати годишно.

​Првиот број од списанието изобилува со најразлични духовни теми и истиот можете да го најдете во сите храмови на Австралиско-сиднејската епархија, како и на сајтот на епархијата.

Списанието е плод на веќе низата проекти на Епархискиот просветен одбор при епархијата, кој внимателно гледајќи ја актуелноста на изборот на содржината и квалитетот на изданието на списанието, заклучува дека Уредувачкиот одбор заедно со стручниот тим посветил големо внимание и труд, па ако според првенчето се оценува, ќе треба да очекуваме уште подобри наредни броеви.

На крајот, на редакцијата на списанието „Православие“ им честитаме и им посакуваме плодна и успешна работа во иднина.

 

Извор: Австралиско-сиднејска епархија