Vesti i nastani
 
 
 
 
 

Архиерејска Божествена Литургија на Попова Шапка (06.07.2017 10:54)

На 03.07.2017 година, на празникот на преподобен Наум Охридски, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф, во сослужение со Митрополитот Европски г. Пимен и Митрополитот Кумановско-осоговски г. д-р Јосиф, отслужи Божествена Литургија во манастирот „Св. Наум Охридски“ на Попова Шапка. На Светата Литургија како и секоја година пееше градскиот женски хор „Менада“ под раководство на маестро Ивица Зориќ. На Литургијата многубројниот народ се причести со Светите Христови Тајни. По Литургијата беа благословени кумските лебови. Црковниот одбор при манастирот приреди трпеза на љубовта за целиот народ што беше дојден од разни страни на нашата татковина.

 

 

Извор: Тетовско-гостиварска епархија