Vesti i nastani
 
 
 
 
 

Архиерејска Божествена Литургија на Плаошник (28.02.2005)

 

 

 

„Да ја осознаеме, браќа, силата на тајната, зашто предобриот татко, кога го сретна блудниот син, кој покајан за гревот трчаше кон татковиот дом, го целива и пак го дарува со познание на својата слава, и му приреди таинствена веселба, колејќи го угоеното теле, та и ние да земеме удел во Неговата радост - онаа на човекољубивиот Отец Кој жртвува, и на славната жртва, Спасителот на душите наши.“

(Недела на блудниот син, Вечерна,

стихира на ’Господи, повикав кон Тебе’)

 

 

 

 

На денот кога Православната Црква го празнува успението на првиот од Седумчислениците, Светиот рамноапостолен Кирил Солунски, во манастирот на Свети Климент Охридски и на Светиот великомаченик Пантелејмон на Плаошник во Охрид, Неговата високопреосветеност, Митрополитот Тимотеј, со свештенослужители од Дебарскокичевската епархија, отслужи Божествена Литургија.

На Литургијата Владиката Тимотеј одржа беседа во која говореше за денешното литургиско Евангелието - Христовата парабола за блудниот син (Лука 15, 11 - 32). Во оваа прилика особено го потенцираше покајанието, кое треба да биде основа и темел на духовниот живот на секој христијанин. Во беседата воедно се осврна и кон ликот и делото на Сесловенскиот Учител и просветител, Свети Кирил.

По завршувањето на Литургијата Владиката заедно со свештено­служителите го благослови празничниот колач.