Vesti i nastani
 
 
 
 
 

Премиерот на Владата на Р. Македонија, г-динот Владо Бучковски, денес напладне ги прими членовите на САС на МПЦ (01.03.2005)

 

Светиот Архиерејски Синод на Македонската Православна Црква денес напладне имаше прием кај Премиерот на Владата на Република Македонија, г-динот Владо Бучковски. На средбата од работен карактер, беа разгледани актуелни прашања од заеднички интерес за Црквата и за државата, меѓу кои: иницијативата за вклучување на Православниот богословски факултет и на средното Православно богословско училиште (Богословијата) во општествениот образовен систем на Р. Македонија; процесот на денационализација на црковните имоти, учеството на верските заедници во подготвките за донесување нов закон за верските заедници и други значајни прашања.