Vesti i nastani
 
 
 
 
 

Почнаа разговорите меѓу МПЦ и БПЦ, првата средба во Софија (21.12.2017 13:54)

Архиепископот Стефан и уште тројца владици на МПЦ ОА денеска во Софија ја имале првата средба со бугарската синодска делегација.

Почетокот на разговорите меѓу БПЦ и МПЦ-ОА за признавањето на автокефалниот статус бил синодската палата на Бугарската патријаршија.

Освен Архиепископот во македонската црковна делегација се и Митрополитот Тимотеј, епископот Климент, но и Владиката Петар, како шеф на црковната дипломатија. Иако минатата недела Петар тврдеше дека не се согласува со писмото, тој денеска бил во Софија.

Засега нема официјални детали што е договорено на оваа прва средба, по писмото што пред неполн месец го испрати МПЦ.

Бугарските медиуми пренесуваат изјави на Патријархот Неофит и на Архиепископот Стефан.

Не е лесен крстот што Бугарската црква го презема, затоа што досега ништо не се правеше за решавање на проблемот со македонската Архиепископија. Ајде сега, Божјата промисла да нè направи мудри учесници во меѓуцрковната комисија, за да се постигне посакуваниот резултат од сите, изјавил бугарскиот Патријарх.

Ахиепископот Стефан, пак, како што пренесуваат бугарските медиуми се заблагодарил на сите кои ја поддржале иницијативата за признавање на автокефалноста на МПЦ и посочил дека писмото од испратено од Синодот на МПЦОА е едногласно.

Извор: Religija.mk