Vesti i nastani
 
 
 
 
 

Одбележан споменот на Светиот свештеномаченик Кипријан, заштитникот на градот Демир Хисар (30.04.2018 09:55)

На 30.04.2018 година, кога го празнуваме споменот на светиот свештеномаченик Кипријан, Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар, во сослужение со Епископот Хераклејски г. Климент, отслужи Божествена Литургија во манастирот посветен на свети Јован Крстител во Слепче.

После Литургијата, во чест на светителот беше организирана свечена празнична литија со неговите свети мошти.

На 17/30 април го празнуваме споменот на светиот свештеномаченик Кипријан, игумен на славната Слепченска обител на чесниот Претеча, кој пострада во оган од нечестивите Агарјани во 1780 г.

Во времето кога заради гревовите човечки, Бог допушти Исмаилќаните да завладеат со Балканските земји, една група нивни арамии ја нападнале славната Слепченска обител на чесниот Претеча на Велик четврток во 1780 г. Притоа свирепо го мачеле игуменот Кипријан и го гореле по целото тело, а тој, пак, поткрепен од Христа, храбро застанал како столб и поткрепа на доверената му обител, одбивајќи да отстапи пред заканите на иноверните. Оставајќи го полумртов, разбојниците земале сè што било вредно во манастирот. Храбриот, пак, Кипријан по тридневното страдање, заминал при Христа, на денот на Неговото славно тридневно воскресение.

 

               

Извор: Преспанско-пелагониска епархија