Vesti i nastani
 
 
 
 
 

Архиерејска Божествена Литургија во Велес (14.08.2018 13:40)

На 8 и 9 август 2018 година, се чествуваше споменот на патронот и заштитникот на градот Велес, светиот великомаченик Пантелејмон. Жителите на градот Велес неговата закрила ја чувствуваат одамна, за што сведочи и изградбата на соборниот храм на Повардарската епархија, посветен на овој светител, по чии молитви, градот бил спасен од страшната чума која се појавила во XIX век. Празнувањето започна со Вечерна богослужба на која голем број верници од Велес молитвено го просеа застапништвото пред Бога од светиот великомаченик Пантелејмон, нивниот закрилник. 

Утредента на самиот празник, како централен настан на празнувањето, беше отслужена Божествена Литургија со која чиноначалствуваше Неговот Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, во сослужение на Митрополитот Повардарски г. Агатангел, Митрополитот Брегалнички г. Иларион, како и бројно свештенство од целата епархија. На Литургијата присуствуваа голем број верници од Велес, а и по нејзиното завршување, не престануваа реки од народ да се движат кон Соборниот храм  за да му се поклонат на својот закрилник, светиот Пантелејмон.

 

Извор: Повардарска епархија