Vesti i nastani
 
 
 
 
 

Излезе од печат новиот број на списанието „Премин“ (28.11.2018 16:01)

Неодамна, излезе од печат новиот број на списанието „Премин“, кој е посветен на светиот апостол Павле.

 

 

***

 

Свети апостол Павле го изоди светот проповедајќи.

Ги надмина своите природни потреби.

Живееше како да нема тело.

Ги победи демоните.

Дури и неговата облека исцелуваше.

Ѓаволот трепереше од неговите глас и сенка.

Дури и ѕверовите го почитуваа,

а разбранетото море се плашеше од него.

Тој беше жител на рајот.

Беше грабнат на третото небо.

Тој беше избран сад.

Тој беше предводник на Црквата.

Помина земји и мориња,

и насекаде подигна трофеи на неговата храброст.

Ревносно Го љубеше Христос,

беше попламен од огнот,

појак од железото,

поцврст од дијамантот.

 

Свети Јован Златоуст