Vesti i nastani
 
 
 
 
 

Уште една афера му се припишува на Ерусалимскиот Патријарх (28.03.2005)

 

Вчера Ерусалимскиот Патријарх Иринеј се најде под нов засилен притисок, по објавените тврдења дека му понудил голема сума пари на Апостол Вавилис, шверцер на дрога во бегство, за овој да му помогне при изборот за патријарх и дека ја одиграл клучната улога во контроверзното издавање под наем на црковно земјиште на еврејски инвеститори.

 

 

Во вчерашното интервју објавено во неделникот „Прото Тема“, Вавилис тврди дека Иринеј му понудил 400 000 долари за да му помогне да победи на изборите за Ерусалимски патријарх во 2001 година, за време на состанок на којшто присуствувал и поглаварот на Грчката Црква, Архиепископот Христодул. Вавилис, по кого трага Интерпол, рече дека парите никогаш не ги добил.

 

 

 

Осудениот шверцер на дрога исто така рече дека Христодул го пратил во, како што тој ја нарекол „национална мисија“ да помогне во изборот на Иринеј. Кога /во текот на новинарската истрага/ последниве недели беше испитуван за ова, Архиепископот одлучно го негираше тоа тврдење и остана на изјавата дека нема ништо со патувањето на Вавилис во Ерусалим пред околу четири години.

 

Патријархот исто така се соочува со опозиција внатре во Црквата, бидејќи 20 архимандрити од Ерусалимската Патријаршија, во отворено писмо објавено во саботата, се придружија кон барањата на патријаршискиот генерален секретар, Архиепископот Аристарх, патријархот Иринеј да се повлече од престолот. Тие велат дека Иринеј ја изгубил довербата кај верниците, со оглед дека името му е поврзано со недоверливо лице – алудирајќи на овластувањата што патријархот му ги дал на Никос Пападимас.

 

Апостолос Вавилис и патријархот Иринеј

 

Пападимас, кој исчезна пред три месеци и по кого полицијата трага ширум Европа, во интервју објавено во неделното издание на Елефтеротипија, изјави дека кога Иринеј станал патријарх црковните финансии биле во крајно лоша состојба и дека тој го поттикнал потпишувањето земјишни договори за да се покријат патријаршиските долгови. Исто така тој кажа дека потпишал само еден, а не два, долгорочни договори за издавање под закуп на црковен имот во близина на Портата Јафа на еврејски инвеститори и дека не продал ниедно земјиште. Пападимас вели дека за остварувањето на зделката бил целосно овластен од страна на Иринеј и дека има законска документација како доказ.

 

повеќе за ова на следните линкови:

http://www.ekathimerini.com/4dcgi/_w_articles_politics_100008_28/03/2005_54499

http://news.ert.gr/newsDetails.asp?ID=123275