Vesti i nastani
 
 
 
 
 

Излезе од печат новиот број на списанието „Премин“ (06.08.2019 16:27)

 

Излезе од печат новиот број на списанието „Премин“, кој е посветен на свети апостол Петар, првоврховниот меѓу апостолите, заедно со свети апостол Павле. Подарок со овој број: „Кога сум слаб, тогаш сум силен“, поуки од Светите отци за болестите.

 

 

Денес ги славиме и прославуваме двајцата најбогати сиромаси.

Немале ни стап, ни торба во овој свет. Сè оставиле заради Господ Христос.

Но богатства, какви богатства им делат на сите луѓе од сите времиња!

Просјаци и сиромаси, тие го збогатуваат светот со непропадливо богатство.

Наместо смрт на луѓето им даваат бесмртност,

наместо минлив живот го збогатуваат светот со вечен живот,

наместо минливите земни царства го збогатуваат светот

со небесното вечно Царство Божјо.

***

Тие живеат на земјата, а владеат со небото.

 

 

 
 
 
 
 
 
 

Содржина

 

1. Вовед: Теологија на предавството / монах Петар

2. Свети апостол Петар: Човек карпа – првопрестолен меѓу апостолите

3. Светоотечка ризница / Свети Јован Златоуст

4. Беседи / Митрополит Струмички Наум

5. Тајната на свети Јован Претеча / Викарен Епископ Климент Хераклејски

6. Грешките на љубовта и правилното расудување / игумен Арсениј Бока

7. Апостол на солзите / о. Горан Стојчевски

8. Love Will Cover a Multitude of Sins / St. Peter, the Apostle

9. Што требаше Петар да рече кога се одрече од Христос / свети Максим Грк

10. Недела на слепиот / Викарен Епископ Стобиски Јаков

11. Quo vadis, човеку Божји? / проф. д-р Венко Андоновски

12. Должноста кон природата, созданието и ближните / јеромонах Тит

13. Премин галерија: Светата Земја / Александар Дончев

14. Психичките растројства се хранат од гревовните страсти (II дел) / проф. д-р Дмитриј А. Авдеев

15. Зошто нѐ мразат / Фредерика Метјуз-Грин

16. Не сите зандани имаат четири ѕидови / Горан Трајкоски

17. Понадворешнување на личноста и осиромашување на внатрешниот живот/ д-р Жан-Клод Ларше

18. Адам и Ева... и Бетмен / Џонатан Пажо

19. Бројгеловиот пат до Голгота / Никола Пијанманов

20. Непланирано / Јанко Илковски

21. Лек / М. Д.

22. Нови изданија: „Светилници на светот“

23. Апостол Петар / Владимир Марковиќ