Од средбата на јорданскиот Министер за внатрешни работи со Ерусалимскиот Патријарх (01.04.2005)
По средбата со Патријархот Иринеј во Аман вчера, јорданскиот Министер за внатрешни работи, Самир Хабашнех, им сопшти на репортерите дека православниот Поглавар потпишал изјава под заклетва во која се обврза да „се воздржува од секакво дејствие коешто би резултирало со овластување за продажба на црковен имот во Ерусалим или каде било на палестинските територии и во Израел.“
„Патријархот вети да ги отповика сите полномошна што биле издадени за располагање со подвижен и неподвижен имот на Црквата“, рече Хабашнех пред репортерите. Тој соопшти дека Иринеј исто така ветил да ѝ достави на државата Јордан копии од отповиканите полномошна во рок од 48 часа.
Патријархот Иринеј негираше каква и да е продажба или издавање под закуп на црковно земјиште на Израелци во источен Ерусалим, но вети дека ќе ги „поништи“ сите „неовластени договори“.
http://www.ekathimerini.com/4dcgi/_w_articles_politics_100020_01/04/2005_54691