Vesti i nastani
 
 
 
 
 

Излезе од печат новиот број на списанието „Премин“ (03.02.2020 20:15)

Неодамна излезе од печат новиот број на списанието „Премин“, кој е посветен на светиот апостол и евангелист Јован Богослов – апостолот на љубовта.

 

Красноречието на философијата човечка не е во состојба да ја изрази,
ниту умот на плотскиот човек да го сфати она што ти ни го објави за
беспочетното Битие на Триипостасниот Бог; зашто, слично на Мојсеј,
ти во громови и молњи на гората од Бог ја прими тајната на богословието,
и на светот му објави: дека во почетокот беше Словото,
од искона нераздвоено од Отецот, дека Он е причина на сè што постои,
дека Он е светлина на животот, која темнината не може да ја обземе.
Со такво блескање на светлината на Вистината Божествена,
ние те почитуваме како тајник на беспочетната Троица,
и те славиме како најсовршен богослов:
Радувај се орелу, кој си летнал до самиот пламенолик престол Божји!
Радувај се, ти, кој недостижните тајни Божји ни ги откриваш!
Радувај се, ти, кој човештвото и Божеството Христово ни ги објаснуваш!
Радувај се, кој на љубовта кон Бог и ближниот нè учиш!
Радувај се, ти, кој за таа љубов присуството Божјо ни го ветуваш!
Радувај се, Јоване апостолу, љубимецу Христов и богослову!
 

(Извадок од Акатистот на светиот апостол и евангелист Јован Богослов)

 

 

 

 

 

 

 

 

Содржина

 

1. Житие: Свети Јован Богослов – Апостол на љубовта

2. Рождество на Пресвета Богородица / Свети Андреј Критски

3. До оние што се мачат да ги поднесат разните тешкотии што нѐ снаоѓаат од сите страни / Свети Григориј Палама

4. „Милостив непријател и подмолен пријател“ / Нечисто потомство / Преподобен Арсениј Бока

5. Љубам, значи постојам / Митрополит Струмички Наум

6. Мајчинската љубов и синовскиот однос / о. Горан Стојчевски

7. Ако не е доцна... / јеромонах Тит

8. Христијанскa самосвест – вештина на православните самураи / м-р Златко Дивјаковски

9. The Victory that Has Overcome the World / St. John the Theologian

10. Псалм 151

11. Свети Јован Крстител / Викарен Епископ Стобиски Јаков

12. Единството на храбрите / проф. д-р А. С. Бочаров, проф. д-р А. В. Чернишев

13. Верноста што ја давате е верноста што очајно ќе ви треба еден ден / Фредерика Метјуз-Грин

14. Мајко / Јанко Илковски

15. Лепословие и богословие / проф. д-р Венко Андоновски

16. Духовна терапија и профилактика / д-р Жан-Клод Ларше

17. Уметноста на видливото и невидливото / Никола Пијанманов

18. Вести од православниот свет: Старец Јосиф Исихаст канонизиран за светител / Се упокои во Господ светиот отец наш Ефрем Филотејски и Аризонски

19. Гласот Божји / Свети Јован Богослов / Владимир Марковиќ

20. Покрову светол... / Македонка Георгиева