Vesti i nastani
 
 
 
 
 

Листата на кандидати за избор на нови архиереи дополнета со двајца архимандрити (15.04.2005)

 

С О О П Ш Т Е Н И Е

 

 

Светиот Архиерејски Синод на Македонската Православна Црква на својата редовна седница, одржана на 14 април 2005 година, разгледуваше повеќе тековни работи, меѓу кои и кадровското прашање во високиот клир на Црквата, па од списокот за можни кандидати за идни архиереи во Списокот на кандидати за избор на архиереи на Македонската Православна Црква ги впиша:

- Архимандритот Климент (Божиновски), игумен на манастирот на Светото Преображение во Зрзе и

- Архимандритот Пимен (Илиевски), постдипломец на Факултетот „Свети Сергеј” во Париз.

Светиот Архиерејски Синод на Македонската Православна Црква изразува остро реагирање на притисоците од Грција и од други заинтересирани инстанци во странство за измена на уставното име на Република Македонија.

Македонската Православна Црква, со својата ерархија и верниците во Татко­ви­нава и во дијаспората, не се согласува со никакви отстапки од уставното име на Република Македонија.

  

                             од Канцеларијата на САС на МПЦ