Цветници во Ерусалим: Патријархот Иринеј и натаму се соочува со тензија на богослужењата (24.04.2005)
За време на прославата на Цветници при Светиот Гроб во Ерусалим беа забележани инциденти, кога Ерусалимскиот Патријарх Иринеј го напушташе храмот. Денот претходно беше нарушен со отсуството на шестмина Епископи на Литургијата, во знак на протест за сето она што во последно време се случува во Патријаршијата, а главно за да го искажат својот презир кон патријархот. При излегувањето од црквата на Светото Воскресение, г. Иринеј, кој беше под засилена полициска заштита, остро беше критикуван од група грчки верници, кои притекнаа таму за да присуствуваат на службите за време на Страсната седмица. Италијанската полиција преку Интернет го следеше Апостолос Вавилис, вмешан во аферите кои во последно време им се припишуваат на личности од врвот на Грчката Патријаршија во Ерусалим и на Грчката Парвославна Црква, сѐ додека конечно не го лоцираше Вавилис и го уапси во Болоња. ЕРТ јавува дека италијанскиот областен јавен обвинител Луција Муци, во чијашто надлежност е предметот, во интервју најавилa дека Апостолос Вавилис ќе биде префрлен во венецијански затвор во текот на следните 2-3 седмици. Натаму, областниот јавен обвинител на Болоња нагласилa дека Вавилис е обвинет и за поседување лажен пасош, што повлекува казна од еден до шест месеци. Според Муци, грчките обвинители кои бараат да го испитаат Вавилис, ќе можат тоа да го сторат по добиена дозвола од Италијанското Министерство за Правда. Тaa натаму додава дека Вавилис, доколку сака, ќе може да ја издржува казната во Грција. Во текот на следниве неколку дена се очекува грчкиот апелационен обвинител одговорен за екстрадиции да им испрати европски налог за апсење на италијанските власти, со цел Вавилис да биде екстрадиран во Грција. Од друга страна, човекот кој се смета за некогашен доверлив соработник на Ерусалимскиот Патријарх Иринеј и на Атинскиот Архиепископ Христодул е соочен со можна казна до седум години затвор во Италија заради шверц на дрога.