Vesti i nastani
 
 
 
 
 

DIGEST: АВТЕНТИЧНО ПРАВОСЛАВИЕ (26.04.2005)

 Главен уредник: монахиња Макрина Поповска

Редакција/соработници: Горан Величковски, Јанко Илковски, Калина Трпеска, д-р Јане Коџабашија, Илинденка Петрушева, монах Агатон Апостоловски

design: Студити  лектор: М. Е. Костова  печати: 11 Октомври, Прилеп

Напорите на православната периодика „Премин“ денес нагласено тежнеат кон откривање на автентичното православие пред македонскиот читател во сегашноста соочен со предизвиците на крајно кризното секојдневие... и истовремено кон полното надоврзување на плодното духовно предание на Црквата во Македонија, древната Охридска Архиепископија, низ вековите.

избор/број 25-26/година V (2005):

Interview: о. Методиј Златанов/Калина Трпеска

Alexander/ Преку вода до слобода... Јанко Илковски (критика)

Аскетско-исихастички аспекти/ Митрополит Наум (синаксис)

Аскетско-исихастички аспекти (2)/ свештеномонах Онуфриј

 

Министерсто за култура на

Република Македонија

 

 

Штандот на списанието, збогатен со изданија на библиотеките ВОВЕДЕНИЕ и СЛОВО ОД ВОДОЧА на Меѓународниот саем ЛИБРОГРАФИКА 2005 во Скопје предизвика своевиден значаен интерес и забележлива посетеност. 

Меѓу реката трагачи по нови книжевни изданија камерата го запиша г-динот Владо Бучковски, Премиер на Република Македонија, во обиколка на македонскиот саем на издавачите. Неговата посета на самиот црковен штанд предизвика радост кај претставниците на списанието што се затекнаа на саемот, и подоткри една срдечна нишка на пријателствување со книгата во ист дух со читателската публика во халите.

На саемот ЛИБРОГРАФИКА 2005 „Премин“ ја промовираше новообјавената книга на Струмичкиот Митрополит г. Наум, „Школа за исихазам“ (книга 1), издание на манастирот на Пресвета Богородица Елеуса.