Vesti i nastani
 
 
 
 
 

Соопштение за празникот на свети Климент Охридски (06.12.2021 15:21)

На денот кога го празнуваме празникот на големиот Светител Климент Охридски, патронот на нашата Света Црква, во Соборниот храм во Скопје, посветен нему, свечена празнична богослужба, на 07.12.2021 г., со почеток во 17.30ч., со благослов на Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан, ќе служи Неговото Преосвештенство, Епископот Антаниски г. Партениј, во сослужение со клирици од Скопската епархија и свештенислужители од Бигорскиот манастир.

Утредента, на самиот празничен ден, 08.12.2021 г., во 9.00ч., со благослов на Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан, Света Божествена Литургија ќе служи Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Повардарски г. Агатангел, во сослужение на архијереите: Митрополитот Тетовско-гостиварски, г. Јосиф и епископот Антаниски, г. Партениј, како и бројни свештенослужители на нашата Света Црква.

На самото празнување, за радост и благослов на верниот народ, за поклонение ќе бидат изнесени светите мошти на светителот Климент Охридски.

Меѓу другото, го замолуваме верниот народ да ги почитува мерките за заштита од коронавирусот, односно задолжително носење на маски и држење социјална дистанца.