Vesti i nastani
 
 
 
 
 

Прослава на свети Климент во соборниот храм во Скопје (08.12.2021 14:43)

На 8.12.2021 година, денот во кој Црквата го прославува празникот на свети Климент Охридски, со благослов и присуство на Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан, во Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје се отслужи Архијерејска Божествена Литургија со која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Повардарски г. Агатангел, во сослужение на Митрополитот Тетовско-гостиварски, г. Јосиф и на Епископот Антаниски, г. Партениј, како и на бројни свештенослужители на нашата Света Црква.

На Литургијата, бројниот светиклиментов верен народ се причести со светите Христови дарови.