Vesti i nastani
 
 
 
 
 

„Православен календар“ – нова верзија на Андроид апликацијата за 2022 година (18.01.2022 15:40)

На голема радост на сите корисници објавуваме дека од денес, на празникот Богојавление, достапна е новата обновена верзија на апликацијата „Православен календар“ за 2022 година, во издание на манастирот „Воведение на Пресвета Богородица Елеуса“, Велјуса. И оваа година, како и претходните години, апликацијата содржи: евангелско четиво на денот и празникот, правило за пост, поуки од Светите отци, житија и тропари на светителите, како и за сите празници. Уште една радосна вест е дека веќе се работи на збогатување на содржината на апликацијата и во најскоро време истата да биде достапна и за IOS. Овој принос нека послужи за духовен раст и спасение на многумина, во слава Божја!