Дебарскиот муфтија им го честиташе празникот на Христовото Воскресение на монасите во Бигорски и Рајчица (04.05.2005)
На третиот ден од Христовото Воскресение Дебарскиот муфтија Ружди Љата заедно со двајца членови од одборот на Дебарското муфтиство на Исламската Верска Заедница во Република Македонија го посетија неговото Високопреподобие, архимандритот Партениј во манастирот на Свети Георгиј во Рајчица и со најтопли добрососедски поздрави на монасите од двата манастири им го честитаа сега прославуваниот празник.