Vesti i nastani
 
 
 
 
 

„Православен календар“ – нова верзија на Андроид апликацијата за 2023 година (01.01.2023 14:59)

Со благослов на Митрополитот Струмички г. Наум, од денес, 1 јануари 2023 година, достапна е новата обновена верзија на апликацијата „Православен календар“ за 2023 година, во издание на манастирот „Воведение на Пресвета Богородица Елеуса“, Велјуса. И оваа година, како и претходните години, апликацијата содржи: евангелско четиво на денот и празникот, правило за пост, поуки од Светите отци, житија и тропари на светителите, како и за сите празници. Во најскоро време обновената верзија на апликацијата ќе биде достапна и за IOS.