Vesti i nastani
 
 
 
 
 

Актот за отповикување на г. Иринеј досега потпишан од 75 клирици (09.05.2005)

По вчерашните инциденти и во очекување на официјалните ставови на Јордан и Израел во врска со отповикувањето на Патријархот Иринеј, ситуацијата во Ерусалим не стивнува. Денес во кризата се вмеша Цариградскиот Патријарх Вартоломеј. Со порака до г. Иринеј тој го замоли да не презема какви и да е избрзани дејствија, вклучително и свикување на Светиот Синод, бидејќи ова уште повеќе би ја влошило моменталната ситуација. Всушност, во своето обраќање г. Вартоломеј му се обрати со „Патријарх Иринеј“, а не со „Ерусалимски Патријарх“. Исто така неофицијанлно се тврди дека јорданската влада го информирала Синодот на Патријаршијата дека ќе стави потпис врз актот на Синодот со којшто Иринеј се отповикува од неговата досегашна функција, а палестинските власти веќе изјавија дека се на страната на членовите на Светиот Гроб.

Иринеј под притисок

 

Во своето писмо до г. Иринеј, Патријархот Вартоломеј на досегашниот Ерусалимски Патријарх му се обрати на начин на којшто Цариградската Патријаршија им се обраќа на клирици кои од некоја причина биле лишени од нивните овластувања и права.

 

Со ова Патријархот индиректно ги прифаќа сомневањата во врска со сите афери припишани на Патријархот Иринеј од страна на тричлениот одбор назначен од братството на Светиот Гроб.

 

Во својата порака тој моли г. Иринеј да не прибегнува кон свикување на Синод, како што претходно беше најавено, посочувајќи дека тоа би бил малцински Синод којшто би создал понатамошни проблеми и би ја продлабочил кризата во Патријаршијата.

 

Вредно е да се напомене дека бројот на епископите и на клириците што ставија свој потпис врз споменатиот акт нарасна до седумдесет и петмина. Од вкупно осумнаесет, петнаесет синодски Архиереи го потпишаа, додека вкупниот број на членовите од братството на Светиот Гроб се зголеми до скоро 100 луѓе.

 

 

 

Трагичните случувања во Патријаршијата ја наведоа израелската полиција да се вмеша, со цел да ја намали тензијата. Конкретно полицијата го запечати влезот во канцелариите на финансиските служби со сопствена брава и секој што ќе посака да влезе ќе мора да биде придружен од полицаец. Згора на тоа, во случај од сефот на Патријаршијата да треба да бидат земени документи или пари, член на Синодот (којшто не го поддржува Патријархот) и лице претставник на Патријархот исто така ќе треба да бидат присутни.

 

 

 

Истовремено, шефот на градската полиција побара од израелската влада да даде објаснување од кого полицијата треба да прима наредби – од Патријархот или од Синодот, којшто моментално ги води патријаршиските работи.

 

Понатаму, Израелската Влада треба да се изјасни по уште едно прашање, а тоа е дали ќе го прифати поднесениот извештај од израелски експерти во кој се поддржува идејата Израел да го прифати Јорданскиот закон од 1958 година како дел од својата национална легислатура, за врз основа на него да се справува со овој и во слични случаи.

 

Во неделата, тројцата највисоки членови на Синодот, г. Корнилиј, г. Тимотеј и г. Исихиј имаа средба со претставници на палестинските власти, вклучувајќи го и претседателот Махмуд Абас, кого што го информираа за последните случувања. По средбата г. Абас изјави дека е на страната на синодските Архиереи, држејќи го ставот дека ако вака голема група од Архиереи му се спротивставува на Патријархот, тогаш сигурно нивните позиции се правилни.

 

Според ексклузивната информација на NET radio 105.8, во неделата претставник на израелската влада се сретна со тричлената делегација на Цариградската Патријаршија, во присуство на генералниот секретар на Синодот, Константскиот Архиепископ Аристарх, кого што го известија за последните случувања. 

 

информира ЕРТ: http://news.ert.gr/en/newsDetails.asp?ID=7723,

http://news.ert.gr/en/newsDetails.asp?ID=7701