Vesti i nastani
 
 
 
 
 

Патријархот Иринеј ја прифати поканата на Цариградскиот Патијарх да го посети Фанар (09.05.2005)

 

 

Во денешната изјава за NET radio 105.8, портпаролот на Ерусалимската Патријаршија, г. Вангелис Мавраганис, потврди дека патријархот Иринеј ќе одговори на поканата на Цариградскиот Патријарх да го посети Фанар. Во соопштението на портпаролот на Ерусалимската Патријаршија се вели: „Патријархот Иринеј, во присуство на Александрискиот Патријарх г. Теодор, ја прифати поканата и вети дека наредниве денови ќе пристигне во Цариградската Патријаршија“.

 

 

 

Според извори на NET radio 105.8, Патријархот Иринеј се обидел да стапи во контакт со Цариградскиот Патријарх преку телефон и да побара од него објаснување во врска со неговото писмо. Потоа, Патријархот Иринеј зборувал со управникот на канцеларијата на Цариградскиот Патријарх, Митрополитот Севастиски. Изворите тврдат дека г. Иринеј ги искажал своите приговори, на што Митрополитот Севастиски одговорил дека проблемите ги предизвикал самиот тој, така што Фанар не е одговорен за настанатата ситуација.

 

Според медиумски извори Патријархот Вартоломеј има намера да го убеди г. Иринеј да поднесе оставка, со цел за надминување на кризата во Ерусалимската Патријаршија.

 

Цариградскиот Патријарх Вартоломеј е постојано известуван за состојбите во Ерусалим од страна на тричлената делегација на Цариградската Патријаршија, која во Светиот Град се наоѓа во мисија да помогне во справувањето со ситуацијата.   

 

информација преземена од грчкиот медиум ERT: http://news.ert.gr/en/newsDetails.asp?ID=7723