Vesti i nastani
 
 
 
 
 

ХРИСТОС ВОСКРЕСЕ! (10.05.2005)

 

Chris est ressuScité!

 

 

        

 

 

Ангел Ѝ повикуваше на Благодатната: ’Пречиста Дево, радувај се, и пак ќе речам - радувај се!’

Твојот Син воскресна тридневен од гробот и мртвите ги подигна, луѓе веселете се!’

 

 

Празнувањата во Страдалната седмица и на Воскресението Христово за духовните чеда на Македонската Православна Црква во Париз минаа во богослужењата во црквата на Светите Методиј и Кирил во која свештенослужи - и им помага да постават духовен почеток на оние што пристапуваат за да се подвизуваат во процесот на очистување на срцето - новоизбраниот епископ Полјански, о. Пимен. Особено во големите денови околу Воскресение значаен број новопритекнати верни за своите духовни потреби наоѓаа прибежиште во црквата на Светите Методиј и Кирил (58 bis, rue Jules Auffret, 93500 Pantin, Paris) чија евхаристиска заедница радосно ги доживува позначајните поттици на прводенската благодат и својот прв видлив пораст.

 

 

 

        

 

 

Тебе, воплотениот Спасител Христос и од небесата неразлачениот, во песногласија Те величаме, зашто крст и смрт на Себе прими за родот наш, бидејќи Си Човекољубив Господ, Кој вратата на адот ја скрши и тридневно воскресна спасувајќи ги душите наши.