Нови обвинувања за проневера на име на Патријархот Иринеј (13.05.2005)
Административниот совет на Патријаршијата побара да бидат замрзнати сите сметки на Ерсуалимската Патријаршија во Грција и во Кипар. Архимандритот Кипријанос Медионис, којшто една година служеше како администратор на финансиските служби на Патријаршијата, го обвинува патријархот Иринеј за присвојување на 15 000 000 евра собрани есента 2002 година, за време на поклонението на иконата на Дева Марија во Ерусалим. Зборувајќи за NET 105.8, архимандритот Кипријанос тврдеше дека Иринеј наводно рекол: „Парите се мои и Вие подобро заборавете на нив“. Вредно е да се забележи дека после ваквото противречење на патријархот, архимандритот си заминал за Кипар.
Во меѓувреме, во својот говор во текот на дискусијата во Парламентот на прашања од надворешната политика, Грчкиот Премиер го изрази своето длабоко жалење за настаните во Грчката Православна Патријаршија во Ерусалим. Премиерот Караманлис нагласи дека Владата ќе се заложи работата да се исправи од корен, ставајќи крај на нелегалните активности и барајќи од Патријархот да се покаже дораснат на ситуацијата, со цел карактерот на Грчката Православна Патријаршија да остане ненарушен.
Третиот синод во Фанар
Во меѓувреме, се очекува Цариградскиот Патријарх да објави кој ќе служи Литургија во Патријаршијата во Фанар во недела, заедно со Александрискиот Патријарх. Синодот на Царигардската Патријаршија свикан заради кризата во Ерусалим ќе започне во втроник, на 17 мај.
преземено од: http://news.ert.gr/en/newsDetails.asp?ID=7810