Vesti i nastani
 
 
 
 
 

Според неговата вчерашна изјава во јавноста, г. Иринеј ќе присуствува на Сеправославниот Синод во Фанар во својство на патријарх (19.05.2005)

Во Ерусалим тензиите и натаму се зголемуваат, на само 5 дена пред Синодот на Поглавари од 14 Православни Цркви во Истанбул, свикан со цел да се најде решение за проблемите што ја потресуваат Ерусалимската Патријаршија. Свештенството на Светиот Гроб 24 часа дневно го чува влезот во Патријаршијата со напор да го спречи Патријархот Иринеј повторно да се обиде да влезе. Срамни инциденти се случуваа вчера во Светата Земја. Недозволиви навредливи зборови и судири следеа по вчерашниот неуспешен обид на архимандритите што го поддржуваат отповиканиот патријарх да влезат во просториите на Светата Ерусалимска Столица. Архимандритите се обиделе да провалат во зградата со помош на бравар и на израелската полиција. Двајца членови на патријаршискиот управен одбор, Митрополитите на Петра и Капитолида, се очекува да пристигнат во Фанар во понеделник. Можно е тие да бидат придружувани од главниот секретар на Синодот, Архиепископот на Константини, г. Аристарх, и од Архиепископот на Јопија, г. Дамаскин. Во текот на вчерашниот ден Иринеј ја искажа својата намера да присуствува на Сеправославниот Синод изјавувајќи дека е сѐ уште патријарх. Според информациите на некои извори, вчера претпладне тој тајно се сретнал со синовите на израелскиот премиер Ариел Шарон.   

 

информацијата е преземена од грчкиот медиум ЕРТ: http://news.ert.gr/newsDetails.asp?ID=136278