Vesti i nastani
 
 
 
 
 

Архиепископот Стефан отслужи Света Литургија во Сидер Гроув, Њу Џерси (17.11.2024 21:07)

На 17.11.2024 година, Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г.г Стефан, отслужи Света Литургија во храмот „Свети Кирил и Методиј“ во Сидер Гроув, Њу Џерси. На Архиепископот му сослужуваа бројни свештенослужители од Американско-канадската и од Скопската епархија, како и од Источноамериканската епархија на сестринската Српска Православна Црква.

По Божествената Литургија Архиепископот отслужи Парастос за сите упокоени дејатели на оваа македонска црковна општина: свештенослужители, иницијатори за создавањето на црковната општина , ктитори, претседатели и членови на одборите.

Потоа Архиепископот ги освети и ги постави камен-темелите за параклисот посветен на Преподобна Параскева – Света Петка.