Србите и Грците собрале 25 милиони евра за томосот на Јован Вранишковски (31.05.2005)
За томосот на Јован како дел од операцијата за разнебитување на Македонската Православна Црква според дипломатски извори Србите од Грците инкасирале околу 25 милиони евра - 15 за обнова на опожарениот манастир Хиландар на Света Гора и 10 милиони за владиците и разузнавачките служби на војската на Србија и Црна Гора.
Планирањето на операцијата за инсталирање на црква на Јован во Македонија според овие извори започнала пред две години во Атина. Ја договарале српскиот генерал Аца Томиќ, човек исклучитечно близок до српскиот премиер Воислав Коштуница и владиката Иринеј Бачки со архиереи од Грчката Архиепископија. Договорот бил преку промена на името на МПЦ да се дојде до главната цел промена на името на Република Македонија. Пред 6 месеци според изворите на Канал 5 започнала операцијата за нанесување завршен удар врз МПЦ со давање томос односно признавање на црквата на Јован. За таа цел белградската разузнувачка агенција БИА добила задача да ги разбуди српските инсталации во Македонија за да работат на разбивање на единството на архиереите во Синодот на МПЦ околу опстојувањето на ставот за неприфаќање на промената на името на Црквата. Според овие дипломатски извори за таа цел во Македонија преку наша компанија биле префрлени пари и се активирала српската мрежа во која носители се еден наш пензиониран разузнувач, универзитетски професор во пензија, познат бизнисмен и еден новинар. Засега Јован го доби томосот, обновата на опожарениот српски манастир на Света Гора е во полн ек...
http://www.kanal5.com.mk/rubrika.asp?id=6105&rubrika=Македонија&idR=1