Vesti i nastani
 
 
 
 
 

Излезе од печат новиот број на православното списание „Премин“ (14.06.2005)

Содржината на последниот број на списанието „ПРЕМИН“, коешто деновиве излезе од печат, ги донесува следните наслови:

 

За велигденските празници, текст од Свети Амвросиј Оптински во којшто се објаснува смислата и начинот на самото празнување на најголемиот христијански празник.

 

Во блокот посветен на аскетско-исихастичките аспекти, овојпат се поместени двата текста од Струмичкиот Митрополит Наум, За самооправдувањето и За послушанието, како и интересниот полемички текст – Гетсиманска молитва, од Владиката Наум и ипоѓаконите Лаврентиј и Григориј.

 

Oбјавен е коментар и делови од interview-a со новоизбраните Епископи на Македонската Православна Црква.

                                                                           

Блокот за аскетика завршува со познатиот Светител Игнатиј Брјанчанинов, извадок за молитвата.

 

Толкување за Педесетницата, којшто Светите Отци го нарекуваат роденден на Црквата, и којшто после Велигден е можеби вториот најголем празник во христијанството, текст од познатиот грчки современ теолог – Христо Јанарас.

 

Делот за догматика во овој број на списанието е посветен на познатиот руски патролог, историчар и философ, отец Георгиј Флорофски, чиешто обемно дело е многу малку преведено на македонски јазик, а овде имате можност да ја прочитате неговата статија За границите на Црквата

 

Од пред неколку броја, Премин на своите страници ја отвори рубриката – Светите Отци на Православието, на албански јазик, и ова е веќе трето продолжение од преводот на книгата „За духот и животот”, од Старец Софрониј, што го направи Јордана Шемко за издавачката куќа „Слово од Водоча”, со благослов на Неговото Високопреосвештенство Струмичкиот Митрополит Наум.

 

Во рубриката Старци – повторно Светиот Старец Порфириј, сведоштва на луѓе коишто му биле блиски на Старецот, интересно и исклучително приемчиво четиво.

 

Филмска критика – во автентичниот и препознатлив стил на Јанко Илковски можете да го прочитате неговото видување за актуелните светски хитови – оскаровецот „Милион долари”… и „Авијатичарот”.

 

Есеј од младиот философ и музичар Ристо Солунчев, едно кратко созерцание “за нашата музика”, во коешто на нему својствен начин загатнува широка лепеза од теми со кои се соочува современата македонска култура.

 

Во делот за житијата овојпат се опфатени кратките житија на Светителите во периодот од Велигден до Педесетница.