Соопштение (30.10.2026 09:10)

Светиот архијерејски синод (САС) на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија (МПЦ – ОА), на својата редовна седница во работен состав, одржана на 29 октомври 2026 година, разгледа повеќе прашања поврзани со црковниот живот, воспитно-образовните институции и случувањата во Помесните православни цркви.
Светиот Синод упати честитка до Неговата Сесветост, Вселенскиот патријарх Вартоломеј, по повод 35-годишниот јубилеј од неговиот избор за Вселенски патријарх, молитвено посакувајќи му добро здравје, мирни денови и уште многу години плодоносно служење на Црквата Христова.
Исто така, Синодот упати телеграма со сочувство до Ерусалимскиот Патријарх г. Теофил за терористичкиот напад на христијани собрани на молитва во Јордан, молејќи Го Семилостивиот Бог, душите на починатите чеда да ги насели во живеалиштата на праведниците, на повредените да им дарува брзо исцеление, а на нивните семејства духовна утеха и крепост.
Светиот архијерејски синод определи делегација која ќе ја посети Руската Православна Црква во состав на Неговото Високопреосвештенство Митрополит Дебарско-кичевски г. Георгиј и Секретарот на Синодот Епископот Хераклејски г. Климент.
Од канцеларијата
на Светиот архијерејски синод на
Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија