Vesti i nastani
 
 
 
 
 

Наречение на новоизбраниот викарен Епископ г. Методиј (21.06.2005)

 

 

 

 

 

Вчера во 18 часот, во соборниот храм на Свети Климент Охридски се одржа Наречение во присуство на сите Епископи, архимандрити и бројни свештенослужители на Македонската Православна Црква, со кое се објави хиротонијата на идниот Епископ Велички г. Методиј. На Наречението присуствуваа претседателот на  Републичката комисија за односи со верските заедници и религиозни групи, г-динот Цане Мојаноски и заменик министерот за култура на Република Македонија, г-ѓата Мелпомени Корнети. Потоа, архимандритот Методиј отслужи Вечерна служба.

 

 

 

 

 

 

 

 

       

 

 

 

                                    

 

 

 

 

            

 

 

 

 

„Ние го примаме големиот оган на Божеството, огнот за кој Господ велеше: Јас дојдов да донесам оган на земјата (Лука 12, 49). Што е тој оган, ако не Светиот Дух, едносуштен со Синот по Божество, Светиот Дух, со Кого Отецот и Синот влегуваат во нас и можат да бидат созерцувани? Со доаѓањето на Светиот Дух, Света Троица живее во нас и нѐ обожува, ни ги пренесува Своите несоздадени енергии, Својата слава, Своето Божество, кое е вечната светлина, во која ние треба да земеме учество. Затоа благодатта не може да остане скриена во нас, живеењето на Света Троица во нас не може да остане неоткриено.“ (Свети Симеон Нов Богослов)