Vesti i nastani
 
 
 
 
 

Наречение на новоизбраниот викарен Епископ Хераклејски (12.07.2005)

Вчера во 18 часот, во соборниот храм на Свети Димитриј во Битола (Преспанско-пелагониска епархија) во присуство на Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, сите Епископи, архимандрити и бројни свештенослужители на Македонската Православна Црква се одржа Наречение со кое се објави хиротонијата на идниот викарен Епископ Хераклејски г. Климент. Потоа, архимандритот Климент во сослужение на архимандритот Нектариј, архимандритот Партениј, архимандритот Иларион и други свештенослужители отслужи Вечерна служба.

 

 

                                          

 

 

 

 

      

 

 

„Ние не зборуваме за работи што не ги знаеме, туку сведочиме за она што ни е познато, бидејќи светлината веќе свети во темнината, во ноќта и во денот, во нашите срца и во нашите души. Нас нè осветлува онаа светлина, која не заоѓа, не се мeнува, не престанува, која никогаш не е помрачена; таа зборува, дејствува, живее и оживува, ги претвора во светлина оние што ги осветлува. Бог е светлина и оние што ги удостојува да Го видат, Го гледаат како Светлина; оние што Го примиле, Го примиле како Светлина, бидејќи светлината на Неговата слава му претходи на Неговиот лик и неможно е Он да се јави поинаку, освен во светлината.“ (Свети Симеон Нов Богослов)